Во рамките на програмата БиблиоБум, локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, реализираше летна креативна програма која што им овозможува на младите слободно да ја изразат својата креативност во простор кој е дизајниран за нив и нивните потреби. Првите три работилници кои се одвиваа во овој простор започнаа на 9 јули на тема „Изработки и креации од еко-материјали“, „Дизајнирање и правење на накит“ и „Обука за 3Д принтање и моделирање“. 

„Мејкер спејс“ претставува тинејџерско катче каде се спојуваат креативноста, идеите и творењето. Самото катче овозможува реализација на најразлични мали настани, едукативни работилници, обуки, работа во мали групи и преставува катче кое е може да се користи од сите членови на библиотеката кои се на  возраст од 13 до 19 години. 

Настаните всушност претставуваат промоција на младинско катче преку едукативна програма – циклус од 3 обуки со теми кои се актуелни за младите и вклучуваат употреба на современа технологија. Обуките се  од неформално едукативен карактер со интерактивен пристап на реализација. 

Проектот опфати предавања кои се најпримамливи за тинејџерите кои ги нема во формалното образование, а се актуелни: мода, изглед, користење на 3Д технологија. Обуките се реализираат со група од 15 млади ентузијасти. 

Првата обука се реализраше со помош на  локален моден дизајнер од конфекциска куќа „Наташа“ за изработка и креации со еко принт на платно – облека, соодветно модерно облекување, како со малку сретства да се постигне убав естетски ефект и што значи креирање. 

Втората обука се однесуваше на креирање на накит со моделар на аксесоари  која започна со презентација за историјата на накитот и следуваше дискусија меѓу учениците за самите почетоци на користење на накитот. Како млади креативци, учесниците рачно изработуваа накит. По успешната изработка, тимот ја посети локалната фабрика за изработка на модни аксесоари Дуки Дасо каде што имаа можност да се запознаат со технологиите кои ги користат, да добијат совети од дизајнерите и да видат како се работи во една голема корпорација. Учениците го набљудуваа целосниот процес на изработка на накитот, од самото дизајнирање се до пуштање во продажба на новиот производ. 

Третата обука се реализираше со помош на ментор за користење на  3Д принтер, креирање на 3Д креации како прототипи, а самата обука  вклучува изработка на 3Д принт на накит за учесниците на работилницата. 

Посетете ја библиотеката, дознајте повеќе за можностите кои ги нуди, и заземете учество во новите работилници кои се одржуваат. 
Повеќе информации можете да пронајдете на фан страната на библиотеката https://www.facebook.com/negotinobiblioteka.

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Напишете коментар