Библиотеката „Гоце Делчев“ од Валандово на 29 јули oфицијално започна да се реализира катчето за друштвени игри во библиотеката. 

Инспирирани од современите трендови на трансформација на библиотеките, библиотеката одлучи да понуди нешто ново на локалната заедница. Поминувајќи низ програмата на БиблиоБум, тимот од Валандово направи истражување со кое докажаа дека на градот му фали место каде младите ќе можат да се дружат и забавуваат, а истовремено тоа да нуди едукатвни содржини. 

Друштвените игри го поттикнуваат мисловниот процес кај учесниците, а воедно при самото играње иницираат комуникација и социјализација. 

Risk, Dixit Odyssey, Scotland Yard, Scotland Yard jr, Ramzes II, Quatro, Quixo, Ticket to Ride Eвропа, Paku Paku, Small Star Empires се само дел од игрите кои библиотеката ги нуди!

Со мотото „Учиме, се дружиме и воедно се забавуваме!“ библиотеката со полна пареа ги собира младите на едно место. 
Повеќе информации можете да пронајдете на официјалниот настан: https://www.facebook.com/events/350951328917589/

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Напишете коментар