Градската Библиотека во Дебар, отпочна нова услуга со проекција на филмот “The Bookshop” и дискусија, проследена со промоција на новите наслови.

„Книга на платно“ е  иницијатива што претставува промоција на библиотеката и зближување на младата популација во библиотеката. Внесување на младите во светот на книгата е сегмент кој е важен во нивниот развој и градење на нивната личност. 

За средношколците во градот се организира проекција на филмови со едукативни цели, односно филмови кои се адаптирани по литературно дело или имаат образовна компонента. Настаните опфаќаат дискусии, дебати, проекција на филмови, волонтерска работа и ангажираност во библотеката, со што сакаме да го олесниме процесот на образование на средношколците во градот.

Главната цел е да се поттикне критичко размислување и вклучување на младите да придонесат волонтерски во центарот, со што би ја започнале промената на имиџот на библиотеката во центар на знаење, иновации и идеи. 

Доколку сте заинтересирани, посетете ја библиотеката во Центарот за Култура – Дебар или побарајте ги на социјалните медиуми: https://www.facebook.com/biblioteka.diber

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Напишете коментар