Во рамките на програмата БиблиоБум, локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, реализираше летна уметничка програма за деца, којa што ќе им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини. Со почеток на 2 јуни, летната школа ја водеше реномираниот уметник Митко Тошев и траеше сѐ до 29 јуни, по што истиот ден на „Струмица опен фестивал“ беа изложени делата на 25те учесници. 

Библиотеката како институција се стреми да ги пронајде и да ги изгради скриените таленти во граѓаните на општината и тоа преку сопствен труд и вложеност на еден иновативен начин да потикне поголемо уметничкото творештво и со тоа да придонесе кон културниот развој и креативниот потенцијал на Струмица.

Програмата опфати осум ликовни часа, два пати неделно.

Митко Тошев е уметник кој своето ликовно творештво го почнува на 5 годишна возраст, а веќе на 10 години приредува серија на изложби. Уште тогаш е наречен “чудо од дете”. Во неговиот развој како ликовен уметник, имал голема помош од еминентниот ликовен педагог и професор, Петар Мазев, кој оценувајќи дека има огромен потенцијал го носи на Бриони, кај Јосип Броз – Тито, каде Тошев на маршалот му изработил портрет во живо. Веќе на 11 годишна возраст го свртува вниманието на ликовната јавност, со успешното претставување на самостојни ликовни изложби. Дел од неговите ликовни дела се изложени во просториите на Американската амбасада во Скопје, Белата куќа во Вашингтон, Собата на папата во Ватикан. 

Повеќе информации можете да најдете на фан-страната на библиотеката: https://skrati.mk/BibliotekaStrumica

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Напишете коментар