Новости

Приклучи се во оживувањето на библиотеката во твојата заедница!

Сте се запрашале ли за што се може да служи библиотеката во вашиот град? Сте посакале ли тоа да е многу повеќе од една зграда каде одите да земете книга, да ја замените или да ја читате вашата лектира? Што ако оваа зграда, како центар на знаење, информации и идеи, стане главно збирно место во градот каде ќе уживате да го поминете своето време, а покрај значајните книги и полици, ќе имате можност да посетите различни видови настани, да се запознаете со иновативни технологии, или што и да е потребно на вашата заедница?

БиблиоБум е шанса да дадете Ваш придонес кон оживувањето на библиотеката во твојата заедница, а воедно и да искусите еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање и ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата. 📙💡📣

🔎 Што бараме?
Млади креативни и посветени ентузијасти од локалните заедници кои:
– сакаат да направат промена во својата локална заедница
– сакаат да придонесат со нови, креативни идеи
– сакаат да стекнат вештини за реализација на настани и иновативни активности
– познаваат англиски јазик (усна и пишана форма)

🎫 Што се очекува од вас?
– Да придонесувате во креирање на идеи за иновативни активности или услуги во вашата библиотека
– Да ги следите чекорите на програмата и да помагате во нејзина имплементација
– Да внимавате на зададените рокови за извршување на чекорите во програмата
– Активно следење и придонес во работилниците
– Учество на закажаните сесии
– Да поднесувате редовни извештаи за работата која ја завршувате

🚀 Која е нашата визија?
Да ги претвориме библиотеките во проактивни центри кои ќе ги насочат своите знаења и можности кон потребите на заедницата. Да ги следиме светските трендови во библиотечната дејност, каде библиотеките се центри на секое информативно и едукативно подрачје. Трансформација од тивки места во мултикултурни центри каде најгласна ќе биде идејата, иновацијата и креативноста.

📍 Кои библиотеки во Македонија се опфатени со проектот?
1. Валандово
2. Велес
3. Дебар
4. Кавадарци
5. Неготино
6. Свети Николе
7. Струмица

🕒 Кога се случува проектот?
Проектот трае од 15ти декември 2018 и ќе трае се до 31ви мај 2019 година. Програмата ќе опфати вкупно 8 средби кои ќе се одвиваат по една на период од две до три недели.
Повеќе детали за програмата погледнете на: https://goo.gl/7EkJzz

📝 Како да аплицирате?
Доколку сакате да ја подобрите вашата локална заедница, сте отворени за нови идеи и имате желба за оживување на библиотеката во вашиот град пополнете ја апликацијата на следиот линк: https://goo.gl/hBzRiQ , најдоцна до 05 декември 2018, 18:00 часот.

*Програмата предвидува одреден месечен надоместок за волонтерите.

Проектот е реализиран од страна на СмартАП – лабораторија за социјални иновации во соработка со Американската Амбасада во Република Македонија и Националната и Универзитетска Библиотека „Климент Охридски” – Скопје.

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмарАп - Лабораторија за социјални иновации

СмартАп е лабораторија за социјални иновации која работи на поврзување на различните засегнати страни во еден еко-систем кој промовира и развива социјални иновации со цел градење на општество кое е општествено, економски и еколошки одржливо. Целта на организацијата е градење на капацитите на луѓето и обезбедување на алатки преку кои тие ќе можат активно да учествуваат во решавањето на општествените предизвици.

Напишете коментар